Петар Печков
Објавено: недела, 15 декември 2024
Одбојкарите на ОК Борец со победа го завршија првиот дел од првенството на Првата лига. Во Струмица славеа со 1:3 (15,18 -23, 16) над eкипата на ОК Македонија ЏИО, која имаше две победи досега. Со оваа победа велешани се пласираа на третото место од Првата лига, со 10 победи и два порази, дома од подобро пласираните ОК Струмица и ОК УГД Штип. Со ова тие се меѓу првите шест екипи, со уште ОК Шкендија, ОК Универзитет Тетово и ОК Работнички. Овие шест екипи напролет ќе играат двокружно, секој со секого дома и на гости а првопласираните 4 ќе играат разигрување за титулата првак.
Во Супер лигата во ракомет РК Бисинов дома одигра нерешено со РК Пролет 25:25 (12:12), екипа од средината на табелата со 6 победи и 15 бода, во воздублив финиш, полн со пресврти. На 90 секунди пред крајот велешани има напад за водство, кое Илиев не го реализираше, гостите на 50 секунди пред крајот постигнаа гол. На истекот на натпреварот Зоран Стојановски од крило реализираше напад за израмнување и важен бод за велешани, во борбата за опстанок По ова претпоследно 15 есенско коло, РК Бисинов е 11 од 12 екипи со 6 бода, колку што имаат и РК Струга и РК Куманово, со кого велешани играат в среда.
Кошаркарите на КК Борец баскет го добија натпреварот со КК Охрид со 77:62 (37:33) кој имаше пет победи. Велешани го контролираа резултатот и стигнаа до сигурна победа, која ги остави при врвот. Го делат првото место во Втората лига, со уште две екипи, КК Ангели и КК Соколи, сите со по 18 поени. Во следното последно есенско коло, гостуваат на КК Маџари кој е четврти со бод и победа помалку.