Победа за одбојкарите и кошаркарите на Борец

Петар Печков

Bo 8-то коло од разигрувањето екипата на ГОК Борец победи во Тетово против ОК Универзитет со   1:3    (14, -25, 17,16) Сигурна игра и победа за велешани, со што се осигура пласманот на 2-то место и во разигрувањето ќе игра со второпласираната екипа, ОК Струмица или ОК Работнички.  Следното коло ГОК Борец гостуваат токму на струмичани. 

Нова доминантна победа 112:65 (57:33) на домашен терен за кошаркарите на КК Борец баскет. Во салата Гемиџии  со убедливи 47 поени разлика совладана е екипата на КК Водно Санс од Скопје. Уште во првите минути  водството беше двоцифрено, на полувреме +20. Со оваа победа се  на 3 место, пласман кои што носи во полуфинале. Шест  кошаркари беа двоцифрен број на поени, Трпески со 26  и 6 асистенции, Зион Јанг со 17 (5/10 за три). Коцевски 16, Чадамов 12, Штерјов 11, Сапроновски 11. Андов постигна 3 тројки за 9 поени. Следното коло  велешани играат со КК Охрид кој е последен во оваа конкуренција, без победа во разигрувањето.

Во Втората лига за одбојкарки, победа за постариот лигаш ОК Борец кој во Тетово го совлада деветтопласираниот  тим на ОК Бами кор  со 2:3. ОК Виола волеј дома загуби од третопласираната ОК Форца волеј Ема со 0:3 (16,13,16) .  Следното коло ОК Борец кој се зацврсти на 4-тото место го пречекува тимот на ОК Универзитет од Тетово кој е 11-ти на табелата а ОК Виола волеј како 10-ти на табелата е слободна.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати