Петар Печков
Објавено: среда, 17 декември 2025
Во последниот натпревар од 12 коло на Втората одбојкарска лгиа жени, екипата на ОК Борец во спортската сала на ОУ Блаже Коневски, го совлада тимот на ОК Виола волеј од Струмица со 3:1 (20: 16; -21; 19). Ова беше средба на две екипи од средината на табелата 7-мо и 6-то пласираните екипи. Велешанки стигнаа до радоста, три бода и до шестатта победа во досегашниот дел од првенството. Претходно, во истото коло ОК Виола волеј, помладиот велешки лигаш загуби дома со 1:3 од ОК Јанта бут со што се на 9-тото место со 11 бода и три победи.
Во последното коло викендов ОК Борец игра со соседот на табелата ОК Куманово кој е 8-ми со ист скор од 6 победи, додека ОК Виола волеј гостува во Скопје на лидерот ОК Фламинго волеј кој нема пораз.
