Победа за ФК Превалец во неготинско Долни Дисан

Петар Печков

Возбудлив кошаркарски натпревар во Струга, каде играа соседите на табелата 6-то пласираниот КК Црн Дрим и 7-мо пласираниот КК Борец Баскет. Велешани на две и пол минути пред крајот имаа водство од 4 поени а финишот беше воздубдлив и енизфесен. Домашните водеа на деетина секудни пред крајот со 83:80, велешани постигнаа тројка и израмнија. Стружани тргнаа во напад, судиите досидија прекршок, домаќинот од двете фрлања постигна еден кош а остатокот од времето недоволно за КК Борец баскет да постигне кош за победа 84:83 (37:40). Со овој пораз велешани се 5-ти со 30 бода, колку што имаат КК МЗТ Уни банка и КК Бутел. Во следното коло КК Охрид кој има 29 бода.

Се одигра и 19 коло од Третата фудбалска лига Југ. Во неготинско Долни Дисан, ФК Превалец подобар од петоплсиаранито ФК Венес со 1:4 (0:1). Со оваа победа превалачни се втори но и натпревр повеќе и од прво пласираниот ФК Големо Коњари и од ФК Младост и ФК Башкими кои го делат третото место. Ова коло екипата од Горно јаболчиште беше слободна. Во следнато коло ФК Башкими игра дома во Чашка со 12 пласираниот ФК Влазними јуниор од крушевско Пресил,  кој има само 11 бода.  ФК Превалец е слободен.

Поврзани »

ТРЕТО АВИО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕШКО

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 10 август 2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати