Петар Печков
Објавено: недела, 04 мај 2025
Фудбалерите на ФК Превалец и ФК Башкими со победи го финишираат првенството од Трета лига Југ. На домашен терен и двете екипи славеа, ФК Превалец над 11-то пласираниот ФК Дреново со убедливи 8:3 а ФК Башкими во Чашка славеше над 10-то пласираната екипа на ФК Слога од прилепско Лажани со 3:0. По ова 26 коло, остануваат 2-ро ФК Превалец и 3-то пласиран ФК Башкими. Во следното претпоследно коло, следниот викенд ФК Превалец гостува кај четвртопласираниот ФК Младост во прилепско Кривогаштани, а ФК Башкими кај петтопласираниот ФК Венец од Долни Дисан, неготинско.
Заврши натпреварувањето во Втората женска фудбалска лига. ЖФК Борец загуби во последното коло од екипата на ЖФК Слободен од Скопје со 3:1 и се последни со 4 бода, со тоа што се казнети со минус 3. Од оваа конкуренција нема испаѓање во понизок ранг.
Пингпонгарите на ППК Борец ТИМ забележаа два порaзи во Првата лига. Од второпласираниот ППК Крива Паланка, кој се бори за првак со 1:4 а во 16 коло од ППК Берово 2, кој имаше ист скор како велешани а победија со идентични 1:4. По овие две кола ППК Борец ТИМ е 8-ми од 9 екипи, со обезбееен опстанок, иако лани играа бараж за Супер лига. Во последните две кола, велешани играат на11 мај, еден натпревар со ППК Куманово кој е 4-ти. Последното коло се слободни.