Победи за екипите на ФК Башкими, ФК Превалец и ЖФК Борец

Петар Печков

Започнаа натпреварите во Третата лига Југ, со две победи за екипите од ОФС Велес. ФК Јаболчиште славеше со 1:2 во Росоман, над истоимената екипа која е седмопласирана. Победа и за ФК Превалец кој дома го победи крушевски ФК Бучин со 4:1. Двете екипи останаа на 2 и 3 место од табелата. Во следното коло ФК Башкими игра дома, во Чашка против ФК Младост од прилепско Кривогашани кој е 4-то пласиран. ФК Превалец го игра дербито во прилепско Горно Коњари, истоименета екипа која е лидер на табелата.

Стартуваа и  девојките, ЖФК Борец со победа ја започна пролетната полусезона. Денес на Градски победи со 4:1 против екипата на ФК Победа од Валандово, која имаше 5 бода а велешанки го зголемија салдото на 4 и не се последни туку претпоследни. Во следното коло ФК Борец гостува во Скопје на ЖФК Вардар кој е втор со еден пораз и 19 бода.

Кошаркарите на КК Борец баскет загубија убедливо со 92:74 (50:30) во Скопје од екипата на КК Водно санс. Домаќините иако ниско пласирани 10 од 12 екипи и со пет победи од 15 натпревари без мака ги совладаа велешани кои го губат чекорот во борбата за врвот, со три последователни порази. Шанса лошата серија да се прекине е следниот натпревар и противникот КК Работнички 2018  кој е фенерџија со само две победи.

фото:ФБ/ ЖФК Борец

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати