Победи за одбојкарите и футсал екипата на Велес

Петар Печков

 

Изминатиот спортски викенд донесе две радости -победи за велешките екипи и четири порази

Победија одбојкарите на гостувањето во Тетово.   Во второто коло втора фаза ОК Шкендија -  ГОК Борец  2:3 ( 24;22; -212; -23; -9).   ГОК Борец е прв во разигрувањето од 7-9-то место,  следното коло е слободен  во оваа фаза настапува и ОК Дибра волеј. 

 Победи и екипата на футсал  прволигашот КМФ Велес, дома против  штипски  КМФ Астибосо  5:3. Ова беше натпревар од 15-тото коло,  следно играат  со КМФ Железарец.

Во Втората футсал лига, лидерот КМФ Кеги моби загуби во Скопје од  КМФ Арбен  Бајрами со убедливи 9:3. Ова беше натпревар од 15-тото коло и дерби. 

Женската фудбалска екипа на Борец загуби во Струга од  ЖФК  АД Јунајтед- со 5:1. Ова беше 14-то коло, прво пролетно.  Домаќинките се  5-ти велешанки  10-ти  со 10 бода. Во следното коло, дома на Градски играат ЖФК Борец -ЖФК Речица, гостинките се  9-ти  со 16 бода. 

Со куп  натпреварите започна ракометната пролетна сезона.  Во бараж  ГРК Борец, дома,   го победи  РК Текстилец од Штип 30:24 иако гостите на полувреме водеа  12:13. Со ова младата велешка екипа влезе во 1/16 финалето, каде настапи во  Неготино. Во првиот натпревар  ГРК Борец  - РК Астраион од Струмица  21:29 (11:17), со што беа елиминирани од натамошните натпревари.

Кошаркарите на  КК Борец баскет, загубија дома во салата Гемиџии од  КК ТТФ  74:77, кој е  лидер, досега има само еден пораз . Ова беше натпревар од 12 коло  КК Борец баскет е 5-ти од 9 екипи со 15 бода,  во следното гостува  во Скопје на КК Феникс 2010 кој е трет со два порази.

Започнаа натпреварите од пролетниот дел на Прва пинг понг лига.  Во прво полетно коло, или вкупно осмо   Борец ТИМ загуби од екипата на Струга со 1:4 и по осум кола е петти со 11 бода.   Овој викенд во Скопје се играат 9-то и 10-то коло игра. Велешани играат  со Мултитекс кој го дели пласманот, исто  со 11 бода  и со соседот на табелата Кочани  со 12 бода.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати