Победничка серија за ветераните на ОК Борец, петта победа во пет натпревари

Петар Печков

Нова убедлива победа за велешките одбојкари ветерани, петта во пет кола, без изгубен сет . Во вчерашните натпревари од 4-тото коло, играно во Скопје тие победија со максимални 2:0 (14; 12) против екипата на ОК Струмица, која е последно пласирана без освоен сет.  До победата велешани стигнеле  без многу мака, што се гледа од резултатот кој е со двојна предност над противникот, за што најмногу заслуги имаат Стојанов и Габеров. 

Во другите два натпревари  од ова коло ОК Скопје ја победи ОК Гевгелија со 2:0 (23;20)  а ОК Шкендија ОК 11 Октомври исто со 2:0(13;19).  

По ова коло ОК Борец и натаму се на врвот, без загубен сет, сто што  второпласираната ОК Шкендија има натпревар помалку. Со ова коло заврши пролетниот дел а последните две кола се играат наесен. Првенството кое е дел од натпреварите на Одбојкарската федерација продолжува на 4 октомври со дербито ОК Шкендија – ОК Борец кое се игра во Тетово.

Ветераните на ОК Борец продолжуваат со тренинзи се до  крајот на месецот, потоа во јули пауза и од 4 август повторно се враќаат во сала.  Летово имаат потврдено учество на турнирот во Велико Градиште Србија, на Златно езеро. 


                              Т  А  Б  Е  Л  А
1.    ОК БОРЕЦ                 5  5  0    10:0          15
2.    ШКЕНДИЈА                4  4  0     8:0           12 
3.    ОК СКОПЈЕ                4  2  3     5:4            6
4.    ОК 11 ОКТОМВРИ      4  2  2     4:5            6
5.    ОК ТЕТОВО               4  2  2     4:5             6
6.    ОК ГЕВГЕЛИЈА           5  0  4   1:10            1
7.    ОК СТРУМИЦА           4  0  4    0:8             0

Шесто коло  се игра на 4 октомври во Тетово, домаќин е ОК Шкендија
ОК Струмица – ОК  Тетово
ОК 11 октомври –  ОК Скопје
ОК Шкендија – ОК Велес 
Слободна е екипата на  ОК Гевгелија

Поврзани »

ТРЕТО АВИО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕШКО

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 10 август 2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати