Повредена патничка од автомобил, во сообраќајка во Речани

Петар Печков

Вечерва околу 22,10 ч. се случила сообраќајка во  месноста Речани, во близина на Македонија пат. Во неа учествувале автомобил и камион на ЈП Македонија пат. Повредена е С.Ш.(78 год ) од Велес.

„По примена пријава за сообраќајка, екипа на итната служба интервенираше на повредена пациентка, која се жалела на болки во слабински дел на рбет и затворена повреда на глава. Дадена е неопходна терапија и префрлена на ургентен центар во болница на натамошен третман“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата за итна помош.

Повредената жена од возилото била извлечена од страна на велешките пожарникари. 

„Во Ургентна единица во 22.30ч, примена е пациентка, упатена кон радиодијагностични прегледи на глава и рбет,а потоа е направена и Компјутерска томографија. Констатирана е фрактура на прешленско тело Пациентката е задржана на оддел за ортопедија и трауматологија на понатамошен третман и лекување“ - кажа Марина Андова, портпарол на Општа болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати