Повторно нема глукомери, ленти за лицата со дијабетес, што се повторува на почетокот од секоја втора година

Петар Печков

На секои две години, на почетокот од годината се чувствуваа недостиг на антидијабетна терапија. Така е и оваа, има недостаток на глукомери, ленти. Ова беше кажано на одбележувањето на 25 години од Сојузот на здруженија на дијабетичари ан Македонија (СЗДМ).  

„На секои две години по месец два немаме глукомери, немаме ленти. Годинава таква е состојбната последните две седмици. Месец и пол има недостиг на антидајабетна терапија, која на пациентите со тип2  им е особено значајна, кои веќе имаат развиено компликации да не доразвиваат.  Тоа значи дека лицата со дијабетес немаат можност да ги мерат своите покачени шеќери, тоа е  можност за развивање на компликации, кардиоваскуларни,  невропатски,  бубрежни , срцеви, мозочни како и ретинопатија. Нема глукомери, старите се со истечени чипови и не може да се користат, нема сензори за децата“ – кажа Димче Велев претседател на СЗДМ.

И покрај реакциите дека се судруваат, без исклучок во овој период, на недостиг нa антидијабетна терапија, тоа се повторува со години. Според Проценките на Сојузот во Македонија со дијагноза дијабетес има 135.000 до 140.000 граѓани, 40.000 се на инсулинска терапија и од нив 4000 се тип 1 со автоимуна болест која подразбира современи методи за континуирано мерење гликемија.

На настанот беше промовиран Прирачник за исхрана на дијабетичари, поделен на девет поглавја, со цел како да се применат, научат  принципите за здрава исхрана.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати