Познат изведувачот на градежните работи за покриен пазар на горниот дел

Петар Печков

Познат е изведувачот на градежните работи за покриен пазар во Велес. На јавниот повик, најдобра цена- најниска понудило   Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО“ со седиште во Скопје. Вкупниот износ за изградба на новиот пазар, за фаза 2 е 34.696.686,18 денари. Таа ќе ги изведува работите на покривање на горниот дел од пазарот, бидејќи целта работа ќе сед изведува етапно.

На јавниот повик биле  доставени 7 понуди но само 4 биле прифатени, со валидна документација. Во предвидениот рок за жалба кој траеше десет дена, не биле  пристигната ниту една жалба по донесената одлука

„Во тек е подготовка на Договорот за јавна набавка. Откако ќе се потпише договорот меѓу двете страни ќе стартува изградбата на пазарот која според договорот треба да заврши за четири месеци„ - кажа градоначалникот Аце Коцевски.  

Во тек се подготвителните работи, за отстранување на тезгите од горниот дел на пазарот, сместување на продавачите од горниот дел на пазарот, на долниот дел,  наоѓање простор каде ќе се сместат продавачите на млечни производи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати