Полициска потера по автомобил со мигранти, кој побегнал кршејќи ја рампата на наплатна станица Отовица

Петар Печков

Возило превезувало мигранти, забележано кај Отовица, полицијата во потера по него, возачот побегнал, иако оштетил  дел од наплатна рампа. Во потерата по возилото  беа повикани и две полициски возила од ПС Велес. Деталите за настанот од средата вечер,  од информацијата на МВР.  

„На 11 септември  околу 20.35 часот на сервисна улица после исклучокот од автопатот А1 Велес – Скопје, кон село Отовица, велешко, полициски службеници забележале дека во патничко возило „фолксваген туран“ се превезуваат мигранти. Откако возачот ги забележал полициските службеници, со возилото удрил во возило „форд“, сопственост на МВР, по што продолжило со движење на автопатот А1 и на наплатната станица Отовица со возилото удрил во рампа на кабина“ – соопштија од МВР.

Возачот со автомобилот побегнал, полицијата во потрага по сторителот и  преземаат мерки за расчистување на случајот

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати