Петар Печков
Објавено: петок, 12 јуни 2026
Првото авионско третирање против комарци за оваа 2026 година ќе се изврши понеделник на 15 јуни во раните утрински часови, соопштија од Општина Велес. Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, истото ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
„Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“ – информираа од Општина Велес.
Третманот се врши со средство AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производител BAYER ENVIRONMETAL SCIENCE SAS, од Франција. Одобрено од министерството за здравство на Република Северна Македонија,
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.
Оваа активност е согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести.
фото ТрМр архива
