Поради загадувањето на воздухот локалните власти препорачуваат велешани да не излегуваат од дома без потреба

Петар Печков

И денес, четврток во Велес и во регионот на Азот  загадувањето на воздухот го реметеше редовниот живот на граѓаните. Повторно во претпладневниот термин, имаше високи пикови на загаденост со ПМ 10 до 300 мг/м3, ПМ 2,5 до 200 мг/м3  честички како и на јаглен моноксид со 1.400 мг/м3.

Пиковите беа повисоки отколку вчера, кога во градот средно дневната загаденост беше 81,47 микрограма на м3. Тоа  е трети ден  како во Велес мерните инструменти на Министерството за животна средина бележат средно дневни вредности над максимално дозволените 50 мг/м3. Беа измерени  75 и 70 мг/м3. 

Од Општина Велес препорачаа граѓаните да не излегуваат од дома без поголеми потреби и лоцираат дека причината за високите концентрации се пожарите во околината на градот.

„Актуелните пожари во велешко, поточно на планините Мукос и Бабуна во Општина Чашка, изминативе три дена, го загадија воздухот во Велес. Општина Велес ја следи состојбата и е во постојана координација со Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица. Апелира до граѓаните доколку можат да поминуваат во затворени простории и да не излегуваат без потреба“ – пишува во објавата на локалната власт.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека  пожарот на планината Мукос и Бабуна, кај село Оморани е локализиран,  кај село Степанци е под  контрола додека кај село Ораов дол е активен. Гори мешовита шума.

Гори од 27 август, високо во планините на тешко достапен терен.  Истиот пожар беше активен до 18 август, претходно  12 дена гореше шума а беше изгаснат од дождот кој тогаш падна.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати