Петар Печков
Објавено: четврток, 24 април 2025
Ракометарите на РК Фруитленд загубија во Куманово од истоимениот состав во разигрувањето за опстанок во Супер лигата. Поразени се во петтото коло со 28:25 (14:13). Со 4 бода велешани се во групата од три екипи, кои ќе одлучуваат кој ќе излезе, кој ќе мигра бараж за опстанок, а кој ќе опстане. Во оваа група се РК Струга и РК Радовиш. Во следното коло на 4 мај, играат дома со РК Прилеп кој е второпласиран.
Кошаркарите на КК Борец баскет по две седмици пауза во првенството, ги продолжија натпреврите со пораз. Во Охрид загубија од истоимениот им со 74:69 (38:34) и паднаа на 6-то место. Ова беше натпревар од претпоследното 21 коло на Втората лига. Во следното последно коло играат дома со составот на КК Маџари кој е второпласиран.