Пораз за ракометарите дома, реми за ФК Борец на Градски

Петар Печков

Нов пораз за ракометарите нa РК Бисинов во 9 коло од Супер лигата. На домашен терен загубија од РК Бутел со 25:26 (13:11). Велешани водеа се до средината на второто полувреме кога гостите направија пресврт. Предноста од гол ја сочуваа до крајот, иако ракометарите на РК Бисинов имаа можност за израмнување, но направија грешка во финишот, која резултираше со седми пораз во ова друштво. По ова коло РК Бисинов останува претпоследен со 3 бода. Во следното коло гостува во Прилеп, на истоимената екипа, која има 5 бода.

Фудбалерите на ФК Борец дома одиграа нерешено без голови  0:0 со екипата на ФК Детонит од Радовиш, која пред три седмици,  ги порази исто така на Градски, но тогаш во Купот. Со овој бод ФК Борец останува претпоследен 15 –ти со 5 бода. Во следното коло, среда, велешани гостуваат во Штип, на второпласирната екипа на ФК Брегалница.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати