После 18 години, ФК Борец повторно прволигаш

Петар Печков

Со победата над екипата на ФК Брегалница 2008 од Штип, со 2:0 (0:0), велешки ФК Борец 1919  е нов шампион во Втората лига Исток. Со тоа, две кола пред крајот велешани се враќаат во Првата лига, после 18 години пауза, откако во 2001-та клубот излезе од елитата.

Отпорот на противникот беше скршен со голот на Симеон Христов во 64-ата минута а победата заверена со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев во судиското продолжение, во 92-ра минута.   

Така по 25 кола ФК Борец е прв со 63 бода, недостижни девет пред вториот ФК Тиквеш. Во следното, претпоследно коло Борец гостува на трето пласираниот ФК Кожуф во Гевгелија а во последното коло, на Градски го пречекува ФК Тиквеш од Кавадарци. 

Разбирлива беше радоста по победата и пласманот во Првата лига, и на фудбалерите, управата, навивачите и гледачите.  Претседателот и сопственик на ФК Борец, Кочо Анѓушев ја сподели радоста со фудбалерите.

Цела сезона екипата покажа добра игра и резултати и на две кола пред крајот е јасно дека Борец е прволигаш. Фокусирани сме кон следната година, новата сезона, за Прва лига. Цел е клубот да биде стабилен прволигаш а потоа и за повеќе, за излез во Европа -изјави за ТрМр Кочо Анѓушев.   

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати