Посочениот за инцидентот пред банка во центарот, реагира, мене ме нападнаа јас се бранев

Петар Печков

Без малку два месеци откако се случи инцидент пред банка во центарот на градот, кај Сармаале, лицето кое МВР го посочи како сторител, се јави во редакцијата. Тој го раскажа неговото видување на настанот, инцидентот, за кој во јавноста имаше големи реакции.

Во писмената информација беше посочено дека Б.Ш. (52 год) физички го нападнал обезбедувањето. Боби Штерјов, ги демантираше наводите, тврдејќи дека тој бил нападнат, за што поседувал и уредна лекарска документација.

Инцидентот се случи на 17-ти август, околу 12,40 часот, според полицијата поради непочитување на протоколите за заштита од ковид-19 од страна на пријавениот, по што тој бил приведен во Полициската станица Велес.

Во оваа банка ја примаме и подигаме платата. Како редовен корисник се познавам со обезбедувањето и живеам со него. Бидејќи сум хронично болен, за што имам лекарски, здравствени  документи, постојано се случуваше да влегувам меѓу првите, да седам внатре и чекам, оти имам ослабен имунитет, да не стојам надвор. Така беше и тој ден. Кога се обидов да влезам, обезбедувањето не ми дозволи, му кажав дека сум хронично болен, тој рече не може, ќе чекаш ред. На мојата реакција дека треба да влезам да не чекам, тој рече дека ќе викне полиција.  Кажав дека ќе одам кај директорката да реагирам за ова, бидејќи не можев да стојам надвор и чекам. На ова обезбедувањето ме фати за гради, ме нападна јас се спротивставив, не дозволив. Се фативме за гуша,  на тоа стана, скокна, еден од шалтерските работници, кој почна да ме удира со нозе. Бев принуден да се бранам, оти бев притиснат до ѕид. Се одбранив и стигна полицијата - вели Штерјов.

Hа прашањето дали има сведоци за ова негово сведочење, вели не верува.

Се се` случуваше внатре во банката, однадвор има темни стакла а дали некој од вработените ќе ме одбрани, ќе сведочи тоа што се случи, не верувам. Имам документ од ударите во нозе, во гради и тоа е доказ дека сум удиран. Ме зимаат на вина, при чиста свест - заврши Штерјов и дополни дека против него во обвинителството се води истрага за овој случај.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати