Потсетување за задолжителна зимска опрема

Петар Печков

Понеделникот  на подрачјето на СВР  Велес беше реализарана превентивна активност „Вози безбедно со зимска опрема“.

Во соработка со Станиците за технички преглед, на различни локации во градските подрачја и надвор од населено место,  биле контролирани  повеќе возила и возачи за почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема. Таа започнува  од 15.11.2015 и  трае до 15.03.2016година.

Сите возачи кои немаа зимска опрема беа предупредени  и им беше укажано во иднина да ја почитуваат законската обврска, заради лична безбедност но и безбедност на останатите учесници во сообраќајот - велат од СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати