Почина двомесечно бебе во болницата во Кавадaрци

Петар Печков

Двомесечно бебе почина во кавадаречката болница вчеравечер, среда.  Доенчето У.М. со место на живеење во Кавдарци, било примено на Одделот за педијатрија во Општа болница Кавадрци на 12 јануари година, поради обилно повраќање по хранењето.

„Во текот на деновите кога е тука на нашиот оддел детето е со уредни параметри и уредни лаб.анализи без повраќање. На 14 јануари година, по итен повик од мајката поради тоа што бебето престанало да дише, веднаш бил повикан дежурен педијатар, а во истиот момент и анестезиолог. Започната е реанимација со соодветна терапија која траела околу 35 минути, но за жал без успех“  кажа директорката на кавдаречка болница д-р Гордана Камчева.

По констатирањето на смртта, согласно законските процедури, известени биле надлежните служби – Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Земени бил изјави од родителите и од дежурниот медицински персонал.  Со информација за смртта на бебето и од велешката полиција. 

„На 14.01.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеци. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но и покрај пружената медицинска помош и направена реанимација починало. Лекар констатирал смрт“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол ан СВР Велес.

Телото на бебето по налог на јавен обвинител од Кавадарци е дадено на обдукција, која треба да ги открие причините за смртта. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати