По втор пат за еден месец протестираше администрацијата и помошниот персонал во јавното здравство

Петар Печков

Административците и помошно техничкиот персонал, вработени во јавното здравство по втор пат на протест за еден месец. Исто како претходниот пат побараа Синдикатите да не ги потпишат колективните договори со кои специјалистите треба да добијат за 25 проценти поголем личен доход, медицинските сестри 15, од февруари следната година, додека  нема ниту денар повеќе за возачите, болничарите, правниците и економистите од болниците и здравствените домови.

Најмалку 10 проценти поголема плата е црвената линија од која нема да отстапи здравствената администрација и помошниот технички персонал, бидејќи нивната со години не е поместена на погоре.

Сега се создадени услови за зголемување на платите, буџетите се формирани, добро се направени, перспективни се и вклучуваат нови вработувања и зголемување на платите. Ако не се исполнат нашите барања ќе побараме од синдикатите овој протест да се претвори во генерален штрајк на административните службеници во здравствените организации, велат од Координативно тело на здравствена администрација.

Административците од здравствениот сектор се револтирани што и покрај преговорите со здравствените власти не се договориле и се останало на образложението, дека здравствената не може да биде одделена од јавната администрација.

Протестот на административците и помошно -техничкиот персонал во јавното здравство  беше за време на паузата.

Поврзани »

РОНТИС вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

  • да
  • не
Резултати