По делови од автопатот Куманово -Велес и Велес- Скопје се вози пребрзо

Петар Печков

По автопатот Велес - Скопје и Куманово - Велес се вози  и двојно побрзо од пропишаната брзина. ова го соопштија од МВР, откако од почетокот на февруари во повеќе акциски контроли, сообраќајната полиција контролирала со која брзина се движат возилата. На делниците каде е дозволено 100 и 120 км/ч. некои возачи возеле и со 150 и 170 км/ч.

„Во текот на вчерашниот ден, вторник  спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на управување на возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Велес – Скопје. При тоа санкционирани се 65 прекршоци. Од нив, 14 возила се движеле со брзина поголема  над 50 километри на час од дозволената“ - соопштија од МВР.

Претходно Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на 2-ри, 3-ти, 4-ти, 5-ти и 6-ти  февруари спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово- Велес.

При тоа санкционирани биле  332  прекршоци. Од нив, 58  возила се движеле со брзина од над 50 километри на час над дозволената а пет возила се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената. 

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати