По четврти пат, низ улиците на Велес се трчаше за Рацин (фото)

Петар Печков

Неделата попладне, се одржа 4-тата трка за Рацин, во организација на АК Борец од Велес. Ниту жешкото и спарно време не беа пречка истата да ја истрчаат 313 учесника, на патеките од 10 и 5 км. во машка и женска конкуренција. 

На 10км. кај жените победи Теа Божиновска со време од   40:18, втора беше  Биљана Кираџиева а трета  Марија Пеликон. Патеката ја истрчаа 23 девојки. Кај мажите на 10 км. победник е Жан Тошев  кој патеката ја истрча за 36:00, пред Миле Башески и  Трајче Илијевски. Оваа должина  ја истрчаа 83 тркачи.

На двојно пократката патека, од 5 км, кај девојките победи Емили Ивановска со време од  23:25, второпласирана беше Ирена Бичевска а трета Ивана Кипријановска. Кај машките  победи  Роберто Димитриевски  кој 5км ги истрча за 17:40, втор беше Петар Даев а трет Петре Завировски. 

Меѓу учесниците имаше и тркачи од Врање, Србија, кои традиционално се присутни на Трчаме за Рацин во Велес, години наназад. Со тоа трката има меѓународен карактер. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати