По четврти пат Спортски игри Велес 2025

Петар Печков

Од 3 до 7 јуни во Велес ќе се одржат четвртите спортски игри Велес. Досега се пријавени повеќе од 600 учесници во пет спортови 3х3 баскет каде ќе има и јуниори, одбојка на песок, мал фудбал, тенис и  изненадувањето за годинава текбол-  спорт комбиниран од  елементи на пинг понг и фудбал. 

„Наша идеја е Велес тие неколку дена да живее заедно, да бидеме заедно. Младите се вклучени, имаме 40-50 волонтери, кои ќе бида од помош на сите спортски терени, на сите спортови. Во тенис годинава имаме и натпревари во дубл. Одбојката има најмногу меѓународни учесници“ – изјави Љупчо  Црвенпанов, организатор на игрите. 

Учесниците се од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Шпанија, Италија, Иран, Куба, САД, Франција и Ирска. Меѓу нив е и 20 годишна девојка од Шпанија, која со партнерка лани го освои Европското првенство  во одбојка на плажа до 21 година. Сите спортски терени се во Градскиот парк,  одбојкарското, кошаркарското, ракометното- за мал фудбал, тениското игралиште.  

Наградниот фонд за победниците е еден милион денари во сите пет спораа и дисциплини.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати