Празничниот продолжен викенд со пет случаи на ковид-19, увезени од Штип

Петар Печков


Во Велес продолжува „увозот“ на корона вирусот. За изминатиот продолжен празничен викенд, регистрирани се пет случаи, сите во саботата на први август. Има и еден оздравен.

Имаме пет позитивни лица, регистрирани во саботата. Четворица од нив се велешани кои работат во Штип, и од таму се заразиле. Не се во текстилна фабрика, но сите се колеги, меѓусебно поврзани. Има и еден велешанец кој не може да прецизира од каде се заразил, според епидемиолошка анкета. Има и еден оздравен, од домашно лекување- изјавија до Центарот за јавно здравје Велес. 

Со тоа бројката на активни случаи во велешко е 21 лица. Дваесет од нив се на домашно лекување, само еден е на Инфективно одделение. 

Досега во велешко  вкупно заразени се 225 лица, оздравени се 191, починати се 13.

На инфективно одделение на пладне хоспитализирани се  17 лица, од нив 12 се потврдено позитивни, за пет се чекаат резултати - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати