Првата клапа на филмот ,,Ослободувањето на Скопје,, на 31 октомври во Велес

Петар Печков

 Раде Шербеџија кој  се подготвува за стартот на снимањето на неговиот филм ,,Ослободувањето на Скопје,,  е во фаза на избор на статисти и прецизирање на детали за снимањето. При престојот во Велес  го прецизираше и датумот и локацијата  на првата клапа од снимањето на филмот.

Започнуваме во Велес на 31 октомври, близу Стариот Мост. Првата сцена која ќе ја снимаме е трка на веслачи помеѓу германски и бугарски војници. Го подготвуваме теренот, се градат трибините за  публиката, бараме статисти – најави Шербеџија.

Во Велес се снима 10-тина дена а потоа се продолжува во Битола. Работно филмот ќе се снима еден месец. Шербеџија е режисер, заедно со Душан Јовановиќ сценарист а има и улога во овој филм.  В сабота  од 12 часот во Велес е кастингот за статисти, кои се бараат  различни и по возраст и по пол. Тоа ќе е случува во зградата на Стариот театар од 12 до 20 часот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати