Прва победа за одбојкарите

Петар Печков

Во шестото коло од Првата одбојкарска лига, екипата на ГОК Борец, дома во салата на ОУ Блаже Конески со 3:1 ( -20, 18, -17, -18) ја  совлада екипата на ОК Дибра волеј од Дебар.  ова е прва победа за екипата на Борец.  По шест кола велешани се седми од девет екипи со четири бодови. 

Во претпоследното 12-то коло на Првата фудбалска лига за жени, екипата на ЖФК Борец на гостувањето во Скопје загуби со високи 10:0 од екипата на ЖФК Драгон, која е шесто пласирана. Велешанки по овој пораз паднаа на табелата на 11-то место со 10 бода. Во следното, в недела дома играат со екипата на ЖФК Шкендија која е петта со 27 бода. 

Во осмото коло на Првата футсал лига, екипата на КМФ Велес гостуваше на шампионот КМФ Шкупи и загуби со 7:2.  

Во Втората лига екипата на КМФ Кеги моби со 3:5 победи во Тетово против екипата на КМФ ССС Универзитет. Натпреварот беше во рамките на петто коло.

Во Втората кошаркарска лига, група Исток, кошаркарите на КК Борец баскет загубија дома во четвртото коло од екипа на КК Феникс 2010 од Скопје со 61:69. Гостите кои имаа скор од еден пораз и една победа, беа поуспешни на паркетот во салата ,,Гемиџии,, и славеа. По ова коло КК Борец баскет и двата последователни порази е трет со шест бода. Во следното коло гостуваат на последно пласираниот тим на  МКК Куманово во Куманово, кој има три порази. 

Во Втората ракометна лига, група 2, РК Борец дома загуби од РК Аеродром од Скопје, кој е четврти, со 25:29 ( 11:15). По ова девето коло ГРК Борец е последен осми со три бода. Во следното коло  младата велешка екипа гостува во Богданци на РК Младост кој е трети со 18 бодови.

Виденов во Велeс се возеше ,,Вело крос,, трка, во рамките на Купот, прва од сезоната 2019/2020 на која учествуваа 40-тина велосипедисти, од нив ја завршија  25, од десетина велосипедски клуба. Кај сениорите Николче Дамјановски од МВК Велес беше втор, додека кај јуниорите од  тројца кои ја завршија трката, втор беше Кристијан Максимовски а трет Виктор Ванчевски, двајцата членови на МВК Велес. 

фото архива

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати