35 велешки спортисти и наставници на регионалните Плазма спортски игри во Сплит

Петар Печков

На регионалните „Плазма спортски игри за млади“  ќе учествуваат 35 ученици и наставници од Велес. Тие веќе се во Сплит, Хрватска каде ќе се одржат овие игри oденес понедленик до недела23 август.

Од Македонија учествуваат 240 учесници, натпреварувачи и наставници.   Учесниците од Велес се  ученици од основното образование  кои обезбедија учество преку претходните фази од натпреварувањата. 

Велешките претставници ќе настапат во следните спортови и дисциплини:
ОУ „Панко Брашнаров“ – тенис- женска конкуренција и атлетика- машка конкуренција;
ОУ „Блаже Конески“ – атлетика- женска конкуренција и народна топка 2017;
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – ракомет -машка конкуренција, како и одбојка на песок во машка и женска конкуренција.

Учеството на  претставниците од Велес е резултат на  нивните успешните настапи на „Плазма спортски игри за млади“, како и на ангажманот на учениците, нивните наставници и училиштата.

Организзатор на настаните кои се одржаа во Велес беше Сојузот на училиштен спорт Велес 2002, кој  им посак успешни настапи и многу убави спортски моменти на сите кои ќе бидат дел од ова големо регионално спортско дружење каде ќе учествуаат натпреварувачи освен од Македонија и од БиХ, Словенија, Србија и Хрватска. 

Очекуваме дека нашите млади спортисти достоинствено ќе го претстават Велес, своите училишта и Македонија, а покрај спортските резултати, од Сплит ќе понесат нови пријателства, искуства и спомени.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати