Прва самостојна изложба на резбарот Славе Петков

Петар Печков

На изложбата се  претставени 24 негови дела, копаници изработени во ореово дрво, во поткопана и плитка резба,  во неговите дела  доминира скулптурната резба. Во изработените преку стотина дела со различни форми и големини практикува разновидна орнаментика.

Покрај изрезбраните растителни  орнаменти упростени или стилизирани, некогаш натуралистички обработени вклопува птица, животински и човечки претстави во форма на декоративна пластика. Од флорните орнаменти се појавуваат дабов и лист од лоза, разни цветови, а покрај претставите со христијанска тематика и ликови на светители се појавуваат и ликови на обични луѓе како што е ликот на Тоше Проески. Славе Петков како самоук резбар активно се занимава со резба 15 години.

Наследник сум на македонската зографска школа, но, дарбата не е доволна човек да го достигне својот максимум. Дојдов до сознание дека  Охридската  школа е колепка на македонската  резба, затоа се надградував преку едукација кај охридските резбари, вели тој. Петков појаснува дека инспирација за резба добил од резбите во македонските цркви и манастири.

Неговите резби освен во колекции на македонски колекционери можат  да се најдат и во Америка, Австралија... Славе Петков има учествувано  во десетина групни изложби што ги организирало Здружението на копаничари на Македонија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати