Првенството на Третата лига Југ со 14 екипи почнува на 14 септември

Петар Печков

Извршена е ждрепката за првенството на Третата фудбалска лгиа Југ за сезоанта 2025/26. Во лигата ќе се натпреваруваат 14 екипи, четири од нив се од подрачјето на Општинската фудбалска лгаи Југ.

Тоа се екипите на ФК Превалец, ФК Башкими од Горно Јаболчиште, ФК Борец  кој како последно пласиран испадна од Втора лига и ФК Тополка, која е новак во лигата како првак на Општинската фудласка лига.

Сите 14 екипи потврдиле учество, уплатиле котизација. Првото коло се игра на 14 септември, недела со почеток од 16ч. а последното на 7 декември почеток на натпреварите е 13ч. 

Во првото коло екипите од подрачјето на ОФС Велес играат:
ФК Превалец - ФК Млекар (од прилепско Мало Коњари)
ФК Слога (прилепско Лажани) – ФК Башкими
ФК Росоман – ФК Борец
ФК Влазними (Пресил крушевско) – ФК Тополка 

Прв меѓусебен натпревар на велешките екипи е во трето коло/ ФК Тополка – ФК Борец. 

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати