Првиот спортски натпревар во земјава во услови на ковид-19 се одржа на езеро Младост, ендуро трка

Петар Печков

На мото патеката близу езеро Младост, се одржа првиот спортски натпревар во земјава, во услови на пандемија на КОВИД-19.

Се возеше првата трка за државниот шампионат во ендуро, возбудлива мото дисциплина, во која на одреден дел на патеката се минуваат вештачки создадени препреки.  Учествуваа 36 натпреварувачи од десетина клубови од Македонија.  

Се возеше индивидуално  и немаше контакт меѓу возачите, публика немаше,  согласно препораките од Агенцијата за млади и спорт.

Во дисциплината  Е-1 победи Драган Ванов пред Денис Гареја од СРТ Куманово и Елвир Мемедов од МК Мото  Велес.   Во славеше  Е-2 Синиша Николовски, втор беше Самет Имеров  и двајцата од Мото клубот „Мото- Велес“, кој беше и организатор на трката   додека трет беше Марко Златановски од МК Ендуро тим  Водно а во Е-3 победи Дејан Маркоски од МК „Драпачи“, пред Давид Ристов од МК Мото -Велес  и Ангелче Стојковски од МК Ендуро тим Водно.   Учесниците возеа четири  круга секој во должина од по 25 км.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати