Превентивно - едукативна активност под мотото „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“

Петар Печков

Hа неколку локации во Велес од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес беше реализирана сообраќајна превентивно - едукативна активност под мотото „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“.

„Главен акцент беше ставен на пешаците како учесници во сообраќајот, кои, исто така, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зголеми како нивната така и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот“- соопштија од МВР.

На граѓаните им биле поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот како пешаци и зголемена будност и внимателност при преминувањето на улица, изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Целта на оваа превентивно – едукативна активност беше да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура, укажување на клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот-пешаците и особено повозрасните лица, но и зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните“- додаваат од МВР.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати