Од четврток на пладне започнува времен режим на сообраќај поради Питијадата

Петар Печков

Општина Велес како организатор на Питијдата со информација како ќе се одвива сообраќајот во Велес, во подрачјето каде таа ќе се одржува. Во периодот од 10:00 часот на ден 9 октомври   па сé до 12:30 часот на ден 13 октомври, сообраќајот времено се преуредува.

На делот од улицата Благој Ѓорев на потег од крстосницата со улицата Борис Трајковски ќе биде забранет сообраќајот за возила со поголем габарит(автобуси) и истите ке се пренасочи по улицата Борис Трајковски, потоа возилата кои доаѓаат од улицата Благој Ѓорев и Тодор Јанев на кружниот ток ќе бидат пренасочени да се движат десно по улицата 8-ма Велешка Бригада и лево кон улицата Лазо Осмаков на која за време на одржување на манифестацијата насоката на движење ќе биде променет односно сообраќајот ќе се движи во насока од улица 8-ма Велешка Бригада кон Љубљанска или на кружниот ток лево кон улицата Тодор Христов потоа кој улицата Ѓорги Војтек лево кон улица Кумановска и кон улица Борис Трајковски. 

Возилата кои доаѓаат од улица Кумановска ке бидат забранети за движење по улица Наум Наумовски Борче, ќе бидат пренасочени да се движат по улица Ѓорги Војтек и Тодор Христов па по улица 8-ма Велешка Бригада, потоа улицата Благој Ѓорев од кружниот ток Авона се до улица Љубљанска ќе биде забранет сообраќајот за движење по двете насоки, од крстосницата со улица Љубљанска па се до улица Орце Мартинов ќе се одвива еднонасочен сообраќај, од крстосницата со улица Орце Мартинов се до крстонсицата со улица Алексо Д.Бауман сообраќајот ке се промени од еднонасочен во двонасочен сообраќај. 

Ваквиот потег е превземен поради близината на пристапот до Болницата и се со цел полесен пристап до неа како и поголема пристапност до домовите на жителите кои што живеат на тој потег од улиците;

На делот од улицата Алексо Демниевски-Бауман на потегот од крстосницата кај Пошта се до семафорите истотака режимот ќе се промени од еднонасочен во двонасочен;

Времениот режим на сообраќај ќе се одвива според поставената времена  сигнализација, како и знаците кои ги даваат униформираните полициски службеници. 

Поради тоа се молат сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и прописите заради нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, пишува во соопштението од Општина Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати