Прекинат натпревар во Богомила, дербито од минатото коло со службен резултат за Илинден БС

Петар Печков

Се одигра првото пролетно коло од Општинската фудбалска лига. Откако поради настап на фудбалер на ФК Башкими, на дербито со ФК Илинден БС, 3:2 за домаќинот, гостите се жалеле, натпреварувачката комисија на Општинскиот фудбалски сојуз ја прифатила и со службен резултат од 0:3 го регистрирал натпреварот. Тоа значеше промена на врвот.

Ова се резултатите од 12 коло.  

ФК Чашка -  ФК Бабуна  2:2
ФК Младост - ФК Тополка 1:1
ФК Согле - ФК Илинден  1:4
ФК Башкими - ФК Горски 3:0
ФК Богомила - ФК Мартолци 2:0 (прекината)
слободна екипата на ФК Форца нова

Во ова коло СВР Велес информираше за инцидент кој се случил во Богомила.

„На 17 март  во 11 часот на фудбалското игралиште во село Богомила, општина Чашка, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Богомила од Богомила и ФК Мартолци од Горно Врановци, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу играчи од двете екипи и дел од публиката, по што натпреварот бил прекинат“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

                      Т     А     Б     Е     Л     А
1   ИЛИНДЕН              11    9    1    1    29/8    28
2   БАШКИМИ            11    9    1    1    27/7    28
3   БАБУНА                11    7    2    2    28/16    23
4   СОГЛЕ                  11    6    1    4    18/16    19

5   БОГОМИЛА           10    5    3    2    24/12    18
6   МАРТОЛЦИ            10    3    2    5    19/22    11
7   ФОРЦА НОВА         10    3    1    6    10/16    10
 8   ЧАШКА 2022           11    1    5    5    12/22    8
 9   ТОПОЛКА                 11    2    2    7    14/29    8
 10  МЛАДОСТ 1976      11    2    2    7    11/27    8
 11   ГОРСКИ                  11    1    2    8    9/22    5

Во наредното коло играат :
 ФК Мартолци - ФК Башкими
ФК Горски - ФК Согле
ФК Илинден БС - ФК Младост
ФК Тополка - ФК Чашка
ФК Бабуна - ФК Форца нова
 слободна е екипата на  ФК Богомила

фото ФБ/ФК Богомила

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати