Премиера за драмата „Разум и чувства“ работен по текст на Џејн Oстин и трилерот „Во длабочините“

Петар Печков

Три филма се на репертоарот на Киноверзум Велес наредните денови, два се премиера.
Премиера за драмата „Разум и чувства“ нова интерпретација на култниот роман „Разум и чувства“ од Џејн Остин: шармантна, духовита и длабоко блиска приказна за љубовта и сестринството, со Дејзи Едгар-Џонс и Есме Крид-Мајлс во главните улоги. 

Втората премиера е за трилерот „Во длабочините“. Приказна за нуркач кој, додека ги бара посмртните останки на својот татко, е проголтан од кашалот долг 24 метри и тежок 60 тони. Заробен во внатрешноста на китот, тој има само еден час да се извлече пред да му снема кислород. 

Третиот филм е трилерот „Верити“ за кој има голем интерес, а реботен е по книгата на Колин Хувер. Ја раскажува приказната за популарната авторка Верити Крофорд (Ен Хатавеј) и писателката на почеток од својата кариера Лоуен Ешли (Дакота Џонсон), која се сели на зафрлениот имот на Крофорд, каде што треба да пишува во нејзино име. Откако Лоуен ги открива морничавите автобиографски белешки на Верити, таа се бори со вознемирувачките и изопачени признанија за мажот на Верити, Џереми (Џош Хартнет), и тешко ѝ е да ја оддели фикцијата од реалноста. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати