Премиера на македонскиот трилер „Бизнисот на задоволството“ за трговијата со жени (видео)

Петар Печков

Пет филмови се на репертоарот на 3Д киноверзум  во Велес, од нив два се премиери.

Премиера има новиот македонски филм „Бизнисот на задоволството“.  Трилерот во режија на Гоце Цветановски  ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото.  Филмот ќе биде прикажан недела и вторник од 20ч.

„Не говори зло“  е американски  трилер, кој по премиерата минатата седица имаше втора по посетеност во светсктеи кина.  Одмор од соништата се претвора во кошмар кога американски пар и нивната ќерка го поминуваат викендот на идиличниот селски имот на едно британско семејство. „Не говори зло“ е базиран на сценариото од данската хорор сензација од 2022, Гости, филм кој  имаше 11 номинации за Данската филмска награда.

Најгледаниот филм две седмици по ред во светот, хорор комедијата „Битлџус, битлџус“ е  со рекордна гледаност. Легендарниот дух Битлџус се враќа. Ова е продолжение на комедијата Beetlejuice од 1988 година, за дух кој е регрутиран да помогне да прогонува куќа. По семејна трагедија, три генерации од семејството Диц се враќаат дома во Винтер Ривер. Сè уште опседната од Beetlejuice, животот на Лидија се превртува наопаку кога нејзината ќерка тинејџерка, Астрид, случајно го отвора порталот за задгробниот живот.

Transformers One американски анимиран научно-фантастичен акционен филм. Го прикажува потеклото и раната врска на Оптимус Прајм и Мегатрон и како тие засекогаш ја промениле судбината на Сајбертрон, матичната планета на трансформаторите.

Анимираниот „Подлиот јас 4“ повторно на  репертоарот, кој со сите 4 дела заработи пет милијарди долари. Гру, омилениот светски супернегативец кој по многу пресврти стана агент на Лигата на негативци, се враќа во возбудливата, смела нова ера на хаосот на Minions во новото продолжение продуцирано од студиото Illumination.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати