Претставено делото Манче кујунџијата од Зографски

Петар Печков

Петокот навечер   во фоајето на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ за првпат во јавноста  можеше да го види оригинално дело на истакнатиот македонски зограф и сликар Ѓорги Зографски.

Делото е портрет на Манче Данов, Манче  кујунџијата од Велес и  е во сопственост на семејството Манчеви. Делото на  Зографски кое долги години стоело во дуќанот под Саатот,  го претстави Елица Николова, кустос- историчар на уметност од Народниот музеј -Велес. 

Зографски водел сметка да ги претстави своите мецени што подостоинствено.  Портретот е со максимално доловување на физичкиот изглед на портретираниот. Обработката на лицето има примарно значење.  Неговите дела имаат повеќекратна вредност - уметничка, културно-историска, документарна - рече Николова. 

Таа порача дека на  делото му се неопходни и тоа што поскоро конзерваторско -реставраторски интервенции а потоа ќе биде откупено од страна на надлежните институции.     

Зографски според проценките нацртал околу 40-тиа портрети а 30-тина од нив се познати на јавноста. Тоа се претежно видни трговци и еснафи, кои материјално добро стоеле, сакале да се овековечат но и да му помогнат во егзистенцијата на Зографски. Меѓу нив се портретите на тогаш познати добротвори Димче Чокал, Михаило Чекардеков, Диме Јовев, Петар Здравев, Анреа Коробар. 

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува 15 оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство



АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати