Приведени три лица, меѓу нив и жена барани со потерница за затвор, две меѓусемејни тепачки во Градско меѓу нив и две жени

Петар Печков

Четири настани од полицискиот билтен. Два се поврзани со апсења на лица кои требало да бидат во затвор а две се семејни тепачки во Градско. Деталите  во продолжение.

На 21 октомври, понеделник, во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ја привеле С.К.(36 год) од Велес, која била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 19 октомври сабота, во 20.25 часот полициски службеници од СВР Велес, во Велес ги привеле Љ.А.(26 год) и Е.М.(55 год) двајцата од Кочани, поради бегство од Казнено - поправната установа затворот и истите се спроведени во установата за доиздржување на казните.

На 21 октомври понеделник, во Полициската канцеларија Градско бил извршен службен разговор со Т.Ф.(52 год) и Н.Ф.(38 год), двете од Градско, затоа што на Плоштадот во Градско го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 19 октомври сабота, во Полициска канцеларија Градско било пријавено дека во близина на винарска визба во Градско бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Ф.(56 год) и М.Ф.(60 год) и двајцата од Градско , во која М.Ф. користел и дрвен предмет. По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати