Признанија за најредовните читатели во библиотеката

Петар Печков

Патронатот на градската библиотека ,,Гоце Делечв,, беше повод највредните читатели да добијат признанија за нивната посветеност кон книгата. Традиционално беа доделени благодарници за најредовните читатели.   Беа доделни признанија за најредовни читатели во одделот за возрасни и за деца, за највозрасниот и за најмладиот читател. За најредовни читатели беа погалсени Даница Ѓошов и Славе Ников,  кај децата Нина Крстевска, највозрасен читател е Борис  Настов а најмлада читателка е  Јана Стојановска. Писателката Лилјана Пандева доби признание за книгата ,,Доилката,,  за најдобар автор претставен, промовиран во библиотеката. 

Книгата ме одмара, ме релаксира, уживам со неа, добивам нови занење. Нјамногу читам трилери, мистерија, белетристика. Имам слободно време, иако сум вработена го исполнувам  читам, се надградувам, секогаш има време да се исполни на начин кој најмногу исполнува  - рече     Даница Ѓошов

Читањето и знаењето се богатство. Кој сака да научи малку повеќе мили да се просветли, треба да  чиа. Без читање не може никој да оди напред. Библиотката е многу богата со книги од сите жанрови, така што секој кој што сака може да најде нешто да прочита.  Најмногу ме интересира за историјата на Македонија и ги прочитав сите книги на оваа тематика во библиотеката - кажа  Славе Ников

 Највозрасниот читател Борис Настов има 80 години.

Колку што ми дозволува возраста читам, иако имам проблем со едното око. Ме интересираат класиците, ги читам Достоевски, Толстој - рече Настов. 

Кај децата најредовна читателка е Нина Крстевска која има 8 години и учи во трето одделение во ОУ Блаже Конески. 

Читам секој ден, веќе една година сум член на библиотеката. Најмногу ги сакам книгите на Џеронимо Стилтон - рече Нина. 

Директорот на библиотеката Игор Крајчев вели дека велешани се дисциплинирана читателска публика 

Јас сум горд на читателите во библиотеката. Од разговори со колеги од други градови, согледувам дека е намален интензитетот на читатели. Во Велес не само што не се намалува, напротив се зголемува. Тоа е мало зголемување, но бележи дека има повеќе читатели.  Треба да се има предвид дека Велес е колепка на културата, Велес има традиција на читање и велешани се љубители на книгата. Треба ли да потсетам дека пред 150 години Велес преку Ангелко Палашев имал читалиште, кое дури им ги доставувало кигите дома. Така оваа библиотека на некој начин  е наследник на таа книжевна културна традиција - рече Крајчев. 

Библиотеката располага со 100 илјади книги, фонд кој постојано се обновува со нови актуелни наслови, од белетристиката, од стручната литература, од лектирите. 

Книжниот фонд никогаш не е доволен. Книгата е како изгледан филм, еднаш прочитана  не е подолго време не е интересна. Затоа книжниот фонд мора да се обновува. Го следиме тоа што е тренд иако сме ограничени како пазар што се нуду, издава.  Сугериреме на издавачите што се бара, што не е преведено,за што постои глад кај читателската публика . Не радува што освен задолжителната литература кај учениците, според наставната програма, има интерс за бестселери, светски тренд. Велешани се пребирливи, не читаат се и сешто, знаат да бдиат критични. Знааа да кажат некоја фалена книга да кажат тоа не е тоа, што е одраз на префинет вкус- доаде Крајчев.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

  • да
  • не
Резултати