Признанија за тие што ја одбележаа 2018-та година (фото)

Петар Печков

Испраќајќи ја старата 2018-та година, пречекувајќи ја новата 2019-та, локалната власт ги награди  велешаните кои оставија печат на годината која заминува. Моментите, зборовите, надежите кои ги помниме или забораваме се дел од нашиот живот, одбројуваме анализираме, планираме што посакуваме за годината што доаѓа.   

Признанија за 2018-та добија  за комунален работник - Коче Кочов, возач во ЈКП Дервен,  за најталентиран ученик во општината осумгодишниот Христијан Арсов, хуманист Димче Арсов со 104 крводарувања, за развојот на крводарителството и хуманите вредности генералниот секретар на ОО на Црвен Крст Велес Миле Маџаров, кој со крајот на годинава заминува во пензија. За покажаната храброст, што му се спротивстави на разбојник кој со нож ја нападна, но таа храбро како продавачка  му се спротивстави и го заклучи   во објектот Татјана Пановска доби признание за покажаната храброст. Сите тие добија по шест илјади денари, освен Христијан кој доби 10 илјади денари. Годинава немало предлози за најдобар полицаец и пожарникар. 

Признанија имаше и за вработените од   локалната власт, за особен развој на Општина Велес кои ги добија Љупчо Андреевски и Оливера Чанева од финансискиот сектор, како и Пенчо Кимов. Петмина службеници кои слават јубилеј за работа во локалната власт добија Силвана Ончева и  Билјана Велјанова за 10 години, Милан Миов за 15 години, Златко Димов за 20 години работа а од неодамна пензионер и Марина Бојаџиева која слави три децении   работа во локалната власт како секретар на градоначалник.   

На новогодишната свеченост беа доделени и стипендиите за талентираните ученици и студенти. Нив ги добија студентите: Надица Шкрекова, Сандра Ташковска, Изабела Апцева, Ирена Христова, Маја Костадиновска, Панче Петрески, Марија Мијакова, Тања Илиевска и учениците: Љубица Филипова, Стојан Илиевски, Александар Манев, Анастасија Андовска, Симона Андовска и Христијан Киров. 

Осврнувајќи се на работата во оваа 2018 година градоначалникот Аце Коцевски кажа дека оваа 2018-та е успешна, споредбено со претходните.  

Годинава во Општина Велес наспроти верувањата или не е забележливо, се градеше. Има издадено  365 налози за градба во инфраструктура  и вложени се 100 милиони денари.  Лани имало 183 налози и потрошени 63 милиони денари . И другите параметри за годинава се подобри отколку тие лани - рече Коцевски. 

Од најавите за следната година како позначајни Коцевски ги кажа изградба на училиште во Иванковци и Клуковец, нова сала за седници на Советот со место за гледачите, нов граѓански центар каде освен документи од локалната власт ќе се добиваат документи и од националните институции. Потоа  завршување на проектот за уредување на езерото Младост.       

На крајот од оваа свечена седница Коцевски на сите велешани, без оглед каде се наоѓаат на планетата,  им посака успешна Нова 2019-та година. Во музичкиот дел настап имаше маестро  Зоран Џорлев.

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати