Петар Печков
Објавено: петок, 26 јуни 2026
Природните чешми градот се епидемиолошки несигурни, со непостојан квалитет, со висок процент на бактериолошка и физичко- хемиска неисправност, а се уште се користат од населението особено во летните месеци од годината. На секоја од овие чешми веќе има поставено предупредување дека водата не е безбедна за употреба.
Селските водоводи и природни јавни чешми и бунари се бактериолошки загадени, резултат на санитарно-техничката необезбеденост на водоводните објекти, невоспоставената дезинфекција и отсуство на стручно стопанисување. Претставуваат многу голем потенцијален ризик од појава на хидрични епидемии со цревни заразни заболувања. Се препорачува да се изврши асанација и воспостави редовна континуирана дезинфекција по пат на хлорирање на селските водоводи и истите да се преотстапат на стопанисување на стручна овластена стопанска организација.
Ова го пишува во писмениот документ од Центарот за Јавно здравје Велес доставен до Советот на Општина Велес, за безбедноста на водата за пиење во општината, за природните чешми и селските водоводи. За квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод се грижи приватна здравствена установа, која на јавен повик ја добила обврската, а ЦЈЗ Велес нема акредитација за такви испитувања.
Кај физичко хемиски неисправните води најчесто е најдено присуство на нитрати и матност над максимално дозволените концентрации и отсуство на резидуален хлор.
Кај бактериолошки неисправните води се изолирани бактерии индикатори на фекално загадување, најчесто Escherichija kolii Koliformni bakterii, предизвикувачи на цревни заразни заболувања.
Од мрежата на градскиот водовод од училишта, градинки согласно програмата се испитани 24 примероци вода и сите се здравствено безбедни
Од селата приклучени на градскиот водовод Горно Оризари, Отовица, Чолошево се испитани 8 примероци вода , од кои еден бил бактериолошки неисправен.
Од стопанските организации приклучени на градскиот водовод, се анализирани 45примероци вода и сите биле здравствено безбедни;
Од стопанските организации, каде водоснабдувањето е преку сопствени водоводи и организирана дезинфекција на водата со сопствени служби испитани се 32 примероци вода, од кои 5 (15,6%) биле бактериолошко неисправни.
Лани од рекреативните базени Градски базен, хотелите: Романтик, Гарденија, Глориус и Еко Камп, се испитани вкупно 28 примероци вода од кои во 9 случаи (32,1%) ce бактериолошки неисправни поради отсуство на резидуален хлор.
Од природните чешми во градот и неговата непосредна околина, кои особено во летно-есенскиот период се користат, од 27 примероци вода кај 20 или 74.0% е утврдена бактериолошка неисправност, додека кај 4 примероци вода е утврдено присуство на нитрати и матност над максимално дозволените концентрации
Во селата каде водоснабдувањето е со водоводи и други водоснабдителни објекти се испитани вкупно 78 примероци вода. Од локалните водоводи со воспоставено хлорирање се испитани 29 примероци вода од кои 18 примероци вода или 62.1% се неисправни поради присуство на нитрати над максимално дозволените резидуален хлор поради што има и 41,4% бактериолошка неисправност.
Кај нехлорираните води процентот на бактериолошки неисправни води е значително поголем 87.5% .Во овие села се испитани вкупно 41 примероци вода од природни чешми и бунари од кои 3 (7.3%) се физичко - хемиски неисправни, а 31 или 75.6 % се бактериолошки неисправни.
фото архива ТрМр
