Петар Печков
Објавено: вторник, 17 јуни 2025
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка за едно лице 23 годишниот С.У. од Велес, осомничено за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а и шест кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„Постои основано сомнение дека на 13 јуни 23-годишниот велешанец извршил физичко насилство врз девојче родено 2016 година, така што најпрво почнал да ја навредува, а потоа со метален предмет ја удрил по главата. Кога детето паднало на земја тој започнал да ја влече по улицата. Кога родителите на девојчето пријавиле во полиција, шестмина полициски службеници пристигнале на лице место, но осомничениот им се заканувал дека ќе ги нападне со секира и тесла кои ги држел во рацете. Со опасните орудија започнал да се приближува кон полицајците и не застанувал на дадените наредби да запре, по што полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух. Осомничениот се дал во бегство и бил недостапен два дена“ – соопштија од ОЈО Велес.
По неговото приведување во полициска станица, осомничениот продолжил да им се заканува на полицајците, поради што обвинителот оцени дека постои реална опасност тој да ги доврши кривичните дела доколку биде пуштен да се брани од слобода. Исто така, јавниот обвинител поднел предлог за определување мерка притвор и поради опасност од бегство.
Судија на претходна постапка при Основен суд Велес изрекол притвор од осум дена, колку што е можноста за припретена затворска казна за ова дело, до пет години. Во овој рок од осум дена, обвинителството треба да подготви и поднесе обвинителен предлог.
С.У. е често случај кој седи на обвинителната клупа во велешки суд. Беше осуден како малолетник на шест години затвор за напад на Јапонски туристи на езеро Младост, има повеќе тешки кражби, одземени возила.
Во овој слуачј постапка и за Е.Х.(61 год) од Велес затоа што. во неговиот дом го криел С.У.