Петар Печков
Објавено: четврток, 13 март 2025
На неделниот дерби натпревар од Третата фудбалска лига Југ, одигран во Чашка, се случил инцидент, помеѓу домаќинот ФК Башкими и ФК Младост од Кривогаштани Пријави за ова дошле од фудбалери и од гостинската и од домашната екипа.
„На 09.03.2025 во 21.10 часот во Полициската станица Крушево, В.П.(30 год) од Крушево пријавил дека околу 15.35 часот за време на одигрување на првенствен фудбалски натпревар од Трета лига Југ на стадионот во населба Чашка помеѓу екипите на ФК Башкими 2008 од Горно Јаболчиште и ФК Младост 1930 од село Кривогаштани, тој како играч на ФК Младост 1930 бил физички нападнат од В.Ј.(29 год) од Горно Јаболчиште - играч на домашната екипа ФК Башкими 2008. Во врска со настанот, на 10.03.2025 во СВР Велес и В.Ј. пријавил дека за време на натправерот бил физички нападнат од В.П“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Полицијата најавува дека преземаат мерки за расчистување на случајот.