Пријавување на штети од ниските температури

Петар Печков

Од денес, вторник па во наредните денови трае пријавувањето на штета, која е резултат на ниските температури, кои изминатата седмица ја зафатија Македонија а со тоа и велешко.  

Општина Велес ги повикува граѓаните кои имаат претрпено штета на земјоделските култури како последица од ниските темпетарури истата да ја пријават. Пријавувањето се врши преку Граѓанскиот сервис центар се подигнува образец „Пријава за настаната штета од елементарна непогода“ .  

Пополнетата пријава потребно е да се достави до архивата на Општина Велес. Со пријавата да се приложат и копии од лична карта, трансакциска сметка, имотен или поседовен лист. Пријавата  може да се превеземе и од интернет страницата на Општина Велес  (www.veles.gov.mk).

Пријавување на штети започнува од денес вторник  па во наредните седум дена се до вторник 02.05.2017 година. По завршување на овој рок, по сите пријави ќе постапи Општинската комисија за проценка на штети,  пишува во информацијата од локалната  власт.

Засега нема проценка колку од овошките, лозјата, зеленчукот имаат оштетувања од ниските температури, кои изминатата седмица се спуштија во утринските часови до -3 степени. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати