Петар Печков
Објавено: вторник, 07 октомври 2025
Неколку дена, улицата Благој Ѓорев од Авона до Гимназијата е во мрак. За ова реакциите беа на граѓаните преку социјалните мрежи. ТрМр ги праша надлежните за дефектот. Од локалната власт, велат дека детектиран е дефектот, дел е отстранет а до вечер и остатокот.
„На наведената локација во петокот навечер забележан е дефект во мрежата на улично осветлување на наведената локација . Во саботата е пристапено кон детекција и санирање на проблемот . Во прашање е пробиен подземен кабел на потегот од трафостаница до првиот метален столб . Во текот на викендот интензивно се работеше на одстранување на дефектот . До денеска поголемиот дел од проблемот е решен . Во текот на денешниот ден ( вторник) ќе се стават во функција и преостанатите 6 светилки коишто не светат на потегот од Кружен тек “Авона” до трговскиот центар“ - соопштија од Општина Велес.