Проблеми во железничкиот сообраќај, три седмици го отежнува сообраќајот во Велес

Петар Печков

Tри  седмици  сообраќајот низ Велес се одвива со потешкотии, во термините кога минуваат возовите по пругата низ центарот. Спуштените железнички безбедносни рампи, на четирите премини кога се спуштени, создаваат колони возила. Често тие достигнуваат и до Пошта или Офицерски.

Причината е што возовите возат со намалена брзин, имаше и слуачи кога   велешани сигнализираа дека возот бил расипан па стоел на отворена пруга. 

За жал ниту по три работни дена, од МЖ Инфраструктура, не даваат одговор на поставеното прашање, што се случува со железничкиот сообраќај низ Велес.

Железничарите знаат да кажат, се краде  инсталацијата, но период од три седмици е предолог за да се промени. Затоа пак може да се види дека вработени во МЖ работат на контролната куќарка, кај мостот Гемиџии. И тоа една седмица. 

За тоа време двата патни премини, кои се на регионален пат, на Нов мост и на Стар мост, кои со долго спуштените рампи, создаваат редици од возила. Тука се и два локални премини, кон Дворови, каде исто така има застој во сообраќајот. 

Поврзани »

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2025 година

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2025 година

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати