Промовирана сликовницата „Стари детски игри“ која потоа победи на државен натпревар на ученички компании

Петар Печков

Сликовницата „Стари детски игри“  го освои првото место на Националниот натпревар за најдобри ученички компании за учебната 2024/25 година. Како победници учениците од ученичката компанија „Playful Pages“ од средното училиште Јовче Тесличков од Велес, ќе учествуваат на Европскиот натпревар  кој ќе се одржи во јули.  Организатор на натпревaрот беше Junior achievement. Учествуаа 11 училиштни компании, со 70 ученика. Велешките средношколци во јули ќе учествуваат на Европскиот натпревар, кој ќе се одржи во Атина, Грција. Таму се најавени 800 учесници.

Сликовницата беше промовирана ден пред натпреварот во медиотеката на велешка библиотека. Таа е изработена за децата со типичен развој и втората е инклузивна, која опфаќа фонт за дислексија, симболи, аудио и видео содржини за деца со потешкотии во читањето.

„Учениците од компанијата имаа задача да симулираат работење  бизнис, колку што е можно пореално. Тие создадоа компанија која создава игри, едукативни материјали.  Сликовницата е со стари детски игри, како што се криенка миженка, к`цканка, калодонт,  волкот и јагнињата. Учениците напрвија истражување и сфатија дека децата не ги знаат овие  игри, тие се подзаборавени и не знаат да ги играат. Собирааа усни  преданија, ги документиравме,  создадовем автентични цртежи со дигитално пенкало. Така 25 традиционални стари игри, се зачувани, да останат и бидат дел од нашето културно наследство“ – кажа  Радмила Андовска професор по стручни економски предмети во училиштето.

Таа е ментор за изработка на сликовницата попмогната од колешката Каролина Манаскова.  Автори се учениците: Ива Петровска, Ангела Анастасова, Симона Крстевска, Искра Ризовска, Максим Чукниев и Данче Лазов.

На сликовницата има код со  чие вчитување може да се добие видео и аудио издание, кои се наменети за децата со проблеми во видот и слухот. Во видео изработката на игрите, учествуаа учениците од четврто одделение од ОУ Панко Брашнаров од Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати