Промовирана книгата „Новогодишни мечти“

Петар Печков

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес во чест на одбележувањето на роденденот на поетот Коста Солев Рацин организираше Поетски Новогодишен караван.  Така беше промовирана   книгата „Новогодишни мечти“ во која учениците од Општина Велес ги изразиле своите желби, своите соништа, своите молби и надежи во Новата 2018 година.   Денес таа беше промовирана во  ОУ Блаже Конески и  во  ОУ ,,Стојан  Бурчевски  Буридан,, во Иванковци.  

Втора година по ред Новогодишната бајка во книгата „Новогодишни мечти 2018“ патува низ детските желби на малите поети од Општина Велес и стигнува до многу детски срца. А патот е долг, но исполнет со неизмерна радост, проткаена со надеж и верба дека сите убави желби ќе се остварат, исто како во приказните со среќен крај -изјави Лила Арсова претседател на клубот  на писатели ,,Кочо Рацин,,.   

Збирката „Новогодишни мечти“ содржи 69 песни од поети-ученици од осум основни училишта од Општината. Новогодишна магија опеана во  песните на децата поети од: ООУ „Блаже Конески“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Благој Кирков“, ООУ „Јордан Х, Константинов-Џинот“, ООУ „Васил Главинов“,ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“,ООУ „ Рајко Жинзифов“ и ПОУ „ Маца Овчарова“.  Секој учесник и ментор добија по еден примерок од заедничката книга и сите учесници ги прочитаа пред присутните писатели своите песни.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати