Промовиран романот ,,Животна посветеност,, од Божидар Јовиќ

Петар Печков

Авторот Божидар Јовиќ го промовираше неговото ново дело, романот ,,Животна посветеност,,.   Тоа е  ново  вредносно дело во севкупното книжевно и научно творештво на Божидар Јовиќ, кое  може да се одреди како роман хронологија. Како наратор се јавува писателот кој хронолошки опстојно и доследно ги запишал личностите, времињата и настаните кои некогаш биле живот.  Книгата ја промовираа Игор Крајчев и Васил Тоциновски. 

Оваа книга е химна, воспев на македонската мајка, која е симбол за татковината.  Мајката во делото на Јовиќ, низ премрежињата на  Втора Светска војна,  низ одгледувањето на двата сина  близнаци ја  покажува  македонската мајка која може  се` да совлада и победи и   да покаже дека имаме еден  и единствен живот  кој треба полнокрвно да се живее.   Настанот се случува во, велшко со што добиваме уште еден автор кој е   летописец на  извонредно богатиот Велес –изјави д-р Васил Тоциновски.  Книгата е издание на  просветно дело. 

Селото Радово во кое се случуваат приказните е книжевен псевдоним за географијата на Велес и Велешко. Приказната за Дара и Илија се заврзува непосредно пред почетокот на Втората светска војна која донесува нови зла и поразии, до сенародната борба за изборување на сопствените национални и социјални права и слободи која ја донесува слободата и во едно ново време почнува обновата и изградбата на татковината. 

Овој роман претставува животно јадро   на македонскиот човек а посветен е на македонската мајка.  Досега пишував стручна литература и поезија, ова е нов литературен израз каде продолжувам.  Во зависност од времето ќе зависта и моите наредни творечки ангажмани – рече авторот Јовиќ.   Ова е негово шесто дело. 

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати