Пронајдено седум месечно доенче на улица на плус 40, докторите го вратија во живот

Петар Печков

Бебето кое вчера, петок попладне, на 40 степени во сенка,  беше пронајдено во центарот на Велес, било во тешка здравствена состојба, а докторите педијатри со големи ангажирања, успеале денес да го вратат во живот. Бебето го пронашол случаен минувач во близина на Основен суд Велес.  

„Околу 16,30 ч. на одделението за Педијатрија е донесено доенче, кое според проценките на педијатрите е на седум месечна возраст, машко. Бебето  било во тешка општа здравствена состојба,  констатирана e неухранетост, тешко само 4.600 грама, било во фебрилна состојба – со температура, поспано, дехидрирано, со сува кожа и очи, со пролив, со халонирани очи.  Поставено е на инфузија, рехидратациона терапија, извршена е корекција на ацидоза,  дадена е антибиотска терапија, интензивно опсервирано цела ноќ од страна на дежурен доктор и екипа.  Денес бебето е во подобра здравствена  состојба, со него е  неговата мајка, која вчера дошла, па заминала а  утрово се вратила а попладнево си отишла. По минати 24 часа можеме да кажеме дека бебето е надвор од животна опасност“ – кажа Марина Андова, портпаролка  на Општа болница Велес.

„На 12 јули во 17.40 часот во СВР Велес, од болница од Велес било пријавено дека од страна на случаен минувач кај нив било донесено бебе, кое било оставено во центарот во Велес. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст, и се претставила дека била мајка на бебето, но потоа ја напуштила болницата“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати